Стопанската комора на Македонија е прогласена за најкомора во регионот, а извршниот директор на компанијата „Фени“ Михајло Михаловски за најменаџер во регионот на Југоисточна и Средна Европа. Признанија беа доделени на традиционалната 28. манифестација „Избор на најменаџер на Југоисточна и Средна Европа“ што се одржа во Сараево. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изјави дека друштвото со најдобрите менаџери е вистинска шанса да се видат резултатите. Позитивноста, упорноста и професионалноста се единствените работи со кои може да се оди напред. Добитниците се вистински луѓе кои во своите дејности постигнуваат извонредни резултати и отвораат простор за развој на општеството.
Стопанската комора на Македонија е прогласена за најкомора во регионот, а извршниот директор на компанијата „Фени“ Михајло Михаловски за најменаџер во регионот на Југоисточна и Средна Европа.
Признанија беа доделени на традиционалната 28. манифестација „Избор на најменаџер на Југоисточна и Средна Европа“ што се одржа во Сараево.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изјави дека друштвото со најдобрите менаџери е вистинска шанса да се видат резултатите. „Позитивноста, упорноста и професионалноста се единствените работи со кои може да се оди напред. Добитниците се вистински луѓе кои во своите дејности постигнуваат извонредни резултати и отвораат простор за развој на општеството“, истакна Азески.
Во рамки на манифестацијата се одржа и деловна конференција на тема „Регионалната стопанска соработка и развојот“ на која бизнисмените и' честитаа на Хрватска за приемот во Европската унија, но истовремено побараа од своите влади да продолжат да работат во правец на прием на сите држави од регионот во Европската унија. Поддржан е развојот на конзорциуми во регионот, по примерот како што сега тоа го прават градежниците, бидејќи само со заеднички настап компаниите ќе можат да бидат поприсутни на пазарите во Европската унија и во светот. На конференцијата се дебатираше и за поврзување на бизнисот во регионот.